Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Бислимоски: Не очекувам просечната цена на струјата за домаќинствата да биде поголема од 1 процент

Бислимоски: Не очекувам просечната цена на струјата за домаќинствата да биде поголема од 1 процент

1 min read
Бислимоски: Не очекувам просечната цена на струјата за домаќинствата да биде поголема од 1 процент

Скопје, 2. декември 2024 (ИНПРЕС) – Конечната цена на електричната енергија сè уште не е готова, но според согледувањата на Регулаторната комисија за енергетика таа ќе има само мало поместување.– Не очекувам просечната цена на домаќинствата да биде поголема од 1 процент, изјави на денешната прес-конференција Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Тој информира дека е намалена цената за пренос на електрична енергија, а од друга страна ЕСМ ја продава поскапо струјата на ЕВН хоум.

– Во однос на оној дел што е најважен за домаќинствата и за малите потрошувачи, кај мрежарината, вклучувајќи ја цената на преносот и на дистрибуцијата има намалување за 7 проценти. Успеавме да ја намалиме мрежарина затоа што одредени компании имаат поголем профит од она што беше одредено. Позната е и цената по која ЕСМ ќе продава струја на ЕВН хоум, изјави Бислимоски.

Тој рече дека во следните денови ЕВН хоум како универзален снабдувач до Регулаторната комисија за енергетика ќе ги достави на контрола цените за домаќинствата и за малите потрошувачи. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

Post navigation

Previous Народната банка предупредува: Внимавајте на лажни профили и сомнителни понуди
Next ЈП „Водовод“ Охрид: Нова водоводна линија на улицата „Коча Миленку”

Слични вести

Хуманитарен концерт за поддршка на социјално загрозените семејства на матуранти Хуманитарен концерт за поддршка на социјално загрозените семејства на матуранти

Хуманитарен концерт за поддршка на социјално загрозените семејства на матуранти

МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција
1 min read

МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција

Здравје: Овесно или бадемово млеко – кое е подобро за вашето здравје? Здравје: Овесно или бадемово млеко – кое е подобро за вашето здравје?
1 min read

Здравје: Овесно или бадемово млеко – кое е подобро за вашето здравје?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.