Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Битиќи: Дел од компаниите најавија дека ќе ги задржат гарантираните цени

Битиќи: Дел од компаниите најавија дека ќе ги задржат гарантираните цени

1 min read

Скопје, 13. март 2024 (ИНПРЕС) – Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува дека веќе е создаден ред со цените на храната по завршувањето на мерката „гарантирана цена“ откако дел од компаниите најавија дека ќе ги задржат гарантираните цени до 15-ти мај годинава.

Укажува дека системското решение е законот за забрана на нефер трговски практики што денеска е на пленарна седница во Собранието.

– Очекувам да е создаден редот. Првите реакции на стопанствениците минатата недела беа навистина позитивни, за охрабрување и рекоа заради тоа што сакаат да бидат општествено одговорни ќе ги задржат истите замрзнати цени до 15 мај. Тоа се неколку компании и тоа е охрабрување дека сепак наспроти се’ што се случуваше во изминатиот период кога нема нарушување на вредносниот ланец, ланецот на набавка дека стопанствениците знаат да бидат општествено одговорни и да не прават притисок кон крајните корисници. Секако, законот е системско решение, решение кое што сме го немале и го немале никаде во Европа, е ново решение според ЕУ-директивите и мислам дека конечно ќе значи правиот пат којшто сите го бараме, а тоа е патот кон европската интеграција. Ваквите решенија укажуваат што е доброто на нашето интегрирање во ЕУ, рече Битиќи на новинарско прашање.

Државниот пазарен инспекторат, потсети, прави надзор и инспекции, кога ќе воочи недоследности што се спротивни на законските одредби соодветно постапува и веќе се издадени две глоби на два супермаркети.

– Навистина сакавме да укажеме дека во тешки времиња Владата ќе донесе мерки дури и кога се спротивни на принципите на пазарна економија, но сметам дека е дојдено време затоа што сите ја научивме лекција дека заеднички треба да се бориме против сите феномени во криза и дека сме доблесни да правиме и бизнис и да креираме политики и мерки на начин како што прилега на европска земја, изјави Битиќи, по посета на домашна компанија корисник на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. (Крај)

извор: Сител фото: архива

Post navigation

Previous Охриѓанецот Даниел Новиќ награден за најкреативна декорација на коктел на 15-то Државно првенство на бармени
Next Милијардер сака да го изгради Титаник II: „Ќе плови по истиот пат како и оригиналниот брод“

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.