Охрид, 8. мај 2026 (ИНПРЕС) – Трудовите од 22. Биенале на македонската современа архитектура БИМАС 2025 од утре во Куќата на Робевци.
Трудовите во Охрид ќе бидат изложени до 20 мај, а свеченото отворање е во 19:00 часот.
За првпат БИМАС е одржан во далечната 1981 година и е водечко случување во областа на архитектурата во нашата земја.
БИМАС е значаен фестивал на архитектурата што ги обединува професионалците и љубителите на архитектурата од земјата и странство, со цел да го истакне влијанието на архитектурата врз квалитетот на живеењето. Настанот вклучува богата програма со изложби, конкурси, предавања, промоции и филмски проекции. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
