Боеви куршуми и формациски пиротехнички средства пронајдени во домот на стружанец
October 8, 2024

Струга, 8. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 52-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од ОВР Струга и Одделението за криминалистичка полиција при МВР пронајдоа и одзедоа 119 боеви и маневарски куршуми различен калибар за пушка и автоматско оружје, 10 формациски пиротехнички средства имитатори на експлозија и пет школски и чадни бомби, кои нелегално ги поседувал, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес