August 16, 2015

Софија, 16. август 2015 (ИНПРЕС) – Државата ќе биде бескомпромисна во однос на шверцот на горива, бидејќи на тој начин губи милиони левови од даноци, рече премиерот Бојко Борисов.

Два дена се врши специјализирана полициска операција, во која до сега се фатени над 100 тони горива без документи, соопшти Борисов за време на отворањето на центарот за управување на превозот во Варна.

Премиерот рече дека 10 мобилни екипи вршат проверки за изманипулирани горива во сите нефтобази и повеќето бензински пумпи низ целата земја. (Крај)

извор: novinite фото: архива