Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Бочварски: Средства за автопатот Кичево – Охрид има, важно е побрзо да се направат техничките решенија за свлечиштата

Бочварски: Средства за автопатот Кичево – Охрид има, важно е побрзо да се направат техничките решенија за свлечиштата

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Штип/Охрид, 5. април 2024 (ИНПРЕС) – Средства има, важно е побрзо да се направат техничките решенија за свлечиштата што се појавија и да продолжи реализацијата и градбата на автопатот Кичево – Охрид, делница од коридорот 8, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

– Во однос на реализацијата на автопатот Кичево-Охрид веќе најавивме дека согласно насоките од надзорниот инженер и целиот тим кој што работи од страна на надзорот и Фидик-експертите беше дадена препорака за продолжување на рокот поради 13-те нови свлечишта коишто се појавија. Како што знаете има сè уште средства коишто се ставени на располагање за да бидат реализирани и токму поради тоа не се побараа нови средства за реализација на овој автопат, рече Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање.

Автопатот Кичево-Охрид почна да се гради во февруари 2014 година. Требаше да чини 374 милиони евра и да заврши во 2018 година. Со неколку анекси на договорот, рокот за изградба се продолжуваше, цената растеше и сега за негова изградба се предвидени 598 милиони евра. Досега се потрошени околу 440 милиони евра, а остануваат уште 160 милиони евра за завршување.

На 1-ви овој месец Собранието даде зелено светло поддршка на предлогот на Владата за донесување по скратена постапка Предлог законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид. Со ова кинеската компанија „Синохидро“ има рок до крајот на 2026 година да санира 13 свлечишта што се појавиле на трасата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Сообраќајна (не)култура, скутери оставени на сред тротоар (Фото)
Next ЈП „Охридски комуналец“: Подметнат пожар на депонија Буково

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.