Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ЈП „Охридски комуналец“: Подметнат пожар на депонија Буково

ЈП „Охридски комуналец“: Подметнат пожар на депонија Буково


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 8. април 2024 (ИНПРЕС) – Вчера во ноќните часови од страна на непознат сторител е подметнат пожар на депонија Буково, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.

Нивни екипи веднаш излегле на терен и ги презеле неопходните мерки за локализирање и гаснење на истиот.
– Во гаснењето на пожарот се вклучија екипите на ТППЕ од Охрид, а со специјална механизација опожарениот дел од депонијата ќе се покрива со големи количини земја. „Охридски Комуналец” веднаш го извести и СВР Охрид за поднесување пријава за подметнат пожар од непознат сторител, информираат од претпријатието.

Депонијата Буково е долгогодишен проблем. Сите одговорни, како единствено решение ја посочуваат регионалната депонија во општина Новаци, од каде минатото лето побараа изградба на нов обрач за да не поминуваат камиони со отпад од другите градови низ населените места во Новаци. По јавната расправа одржана на почетокот на ноември минатата година во Општина Новаци, очекувањата се во текот на оваа година ќе биде објавен и тендерот за градба. Ќе се избере изведувач и ќе почне да се гради, а според планот до крајот на 2026 и почетокот на 2027 година да биде завршена оваа активност.

Депонијата во Новаци е дамнешно ветување кое треба да стави ред во оваа област во Охрид, Струга, Кичево и Битола, каде во моментов има бројни диви депонии каде се одложува ѓубрето. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Бочварски: Средства за автопатот Кичево – Охрид има, важно е побрзо да се направат техничките решенија за свлечиштата
Next Искршени реквизити во детското игралиште на улица „Јане Сандански“ (Фото)

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.