October 6, 2015

Белград, 6.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц во понеделникот во Сараево изјави дека наскоро може да се очекуваат пресуди за Радован Караџиќ, Ратко Младиќ и Воислав Шешељ.

– Пресудата за Радован Караџиќ се очекува во следните неколку месеци, а што се однесува до судењето на Ратко Младиќ, ние сме во последна фаза за изведување на докази на одбраната, рече Брамерц.

Во врска со предметот „Воислав Шешељ“, Брамерц повтори дека Хашкото обвинителство очекува и бара пресудата во овој случај да биде донесена што поскоро, наведувајќи дека тоа не е во рацете на обвинителството. (Крај)

извор:Макфакс фото:архива