November 25, 2014

Белград, 25. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Од целокупното спроведување на Бриселскиот договор зависи отворањето на поглавјата помеѓу Србија и ЕУ, пишува српскиот весник Blic.

Според неофицијалните информации, Брисел има осум барања од Белград во врска со Косово, од чие исполнување зависи отворањето на поглавјата. Истовремено се бара Белград да исполни се“ што е договорено со Приштина.

Меѓу барањата на ЕУ се Проект за статусот на Здружението на српските општини, потоа примена на договорот за телефонија – меѓународен код за Косово, спроведување на договорот во областа на енергетиката, блокирање на илегалните гранични премини, поради шверц, прифаќање на пасоши од Косово на границата со Србија, учество на Приштина во сите регионални иницијативи и регулирање на паркот на мирот во Косовска Митровица. (Крај)

извор: Blic фото: архива