Вашингтон, 6. април 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис рече дека земјата ќе ги исполни обврските кон сите доверители.
Тој потврди дека ќе се запази дадениот датум 9 април за плаќањето. Тоа го изјави тој во Вашингтон по средбата со претставници на Меѓународниот монетарен фонд, пренесува “Ројтерс”.
Претходно премиерот Алексис Ципрас објави дека Атина нема пари да плаќа придонеси на кредитите.
Директорот на ММФ, Кристин Лагард ги поздрави во соопштението добрите вести од грчка страна. Таа изјави дека заедно со Варуфакис се согласуваат дека несигурноста на доверителите не е во интерес на Атина. Оваа несигурност и силниот притисок на кој беше подложена Владата, беа причина агенција “Фич” да го намали суверениот рејтинг на Грција. (Крај)
извор: Катимерини фото: архива







