Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Варуфакис – Грција ќе ги исполни обврските кон сите доверители

Варуфакис – Грција ќе ги исполни обврските кон сите доверители

Вашингтон, 6. април 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис рече дека земјата ќе ги исполни обврските кон сите доверители.

Тој потврди дека ќе се запази дадениот датум 9 април за плаќањето. Тоа го изјави тој во Вашингтон по средбата со претставници на Меѓународниот монетарен фонд, пренесува “Ројтерс”.

Претходно премиерот Алексис Ципрас објави дека Атина нема пари да плаќа придонеси на кредитите.

Директорот на ММФ, Кристин Лагард ги поздрави во соопштението добрите вести од грчка страна. Таа изјави дека заедно со Варуфакис се согласуваат дека несигурноста на доверителите не е во интерес на Атина. Оваа несигурност и силниот притисок на кој беше подложена Владата, беа причина агенција “Фич” да го намали суверениот рејтинг на Грција. (Крај)

извор: Катимерини фото: архива

Post navigation

Previous Вучиќ: Сакаме добри односи со Хрватска
Next Шулц – Грција да не бара помош од Русија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.