Анкара, 30. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Властите во Турција треба да ги почитуваат правата на граѓаните во Кипар, за да може да се обноват преговорите за обединување на островот, изјави грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос при посетата на Анкара.
Венизелос изрази жалење од прекинот на преговорите за Кипар. Според него, ова се должи на фактот дека „Турција ги крши правата на Кипар во источниот дел на Средоземното Море“. На овој начин, грчкиот дипломат го осуди присуството на турски брод во економската зона на Кипар. Венизелос ги повика властите во Анкара да го почитуваат меѓународното право за морските територии.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавусоглу од своја страна ги осуди активностите на властите во Никозија кои го кршат законот со едностраните активности во Средоземното Море, особено при експлоатацијата на природните богатства.
Чавушоглу изјави дека очекува оваа година бројот на турските туристи во Грција да достигне еден милион.
– Грција ќе ја олесни процедурата при издавањето на визи за турските граѓани, рече од своја страна Венизелос. Тој нагласи дека подобрувањето на односите на Атина со Израел и Египет, не се насочени против Турција. (Крај)
извор: АФП фото: АП