Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Венизелос – Турција да ги почитува правата на граѓаните на Кипар

Венизелос – Турција да ги почитува правата на граѓаните на Кипар

Анкара, 30. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Властите во Турција треба да ги почитуваат правата на граѓаните во Кипар, за да може да се обноват преговорите за обединување на островот, изјави грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос при посетата на Анкара.

Венизелос изрази жалење од прекинот на преговорите за Кипар. Според него, ова се должи на фактот дека „Турција ги крши правата на Кипар во источниот дел на Средоземното Море“. На овој начин, грчкиот дипломат го осуди присуството на турски брод во економската зона на Кипар. Венизелос ги повика властите во Анкара да го почитуваат меѓународното право за морските територии.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавусоглу од своја страна ги осуди активностите на властите во Никозија кои го кршат законот со едностраните активности во Средоземното Море, особено при експлоатацијата на природните богатства.

Чавушоглу изјави дека очекува оваа година бројот на турските туристи во Грција да достигне еден милион.

– Грција ќе ја олесни процедурата при издавањето на визи за турските граѓани, рече од своја страна Венизелос. Тој нагласи дека подобрувањето на односите на Атина со Израел и Египет, не се насочени против Турција. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Снежното американско сценарио ќе дојде и на Балканот!?
Next Катерина Перистери – Не исклучуваме дека Александар Велики е погребан во Амфиполис

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.