Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вечерва промоција на книгата „Авантурите на Космонаутко“ од Денис Јанкуловски

Вечерва промоција на книгата „Авантурите на Космонаутко“ од Денис Јанкуловски

1 min read

Охрид, 7. август 2023 (ИНПРЕС) – Вечерва охридска промоција на книгата „Авантурите на Космонаутко“, првото прозно дело на Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко.

Јанкуловски ги објавува неговите приказни од Ковид времето, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж. За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија.

Добитник е на наградата „Европеец на годината” за 2020 година, доделена од Делегацијата на Европска унија во Македонија, „Филантроп на годината” за 2021 година, доделена од Horus Macedonia, прогласен е за Амбасадор на говор против омраза од страна на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Македонија, во 2022, а лани ја доби и државната награда „Мето Јовановски“ за промоција, заштита и унапредување на човековите права.

Промоцијата на книгата ќе се одржи во библиотеката „Григор Прличев“ од 19:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous КУД „Дримкол“ од Вевчани утре ќе одржи концерт во Прилеп
Next Утревечер оперски рецитал во чест на празникот Св. Климент Охридски

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.