Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Македонија
  • „Вечерњи лист“: Германија да воведе визи за БиХ, Косово, Македонија

„Вечерњи лист“: Германија да воведе визи за БиХ, Косово, Македонија


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Берлин, 30. јули 2015 (ИНПРЕС) – Унгарија на границата со Србија гради ѕид за да го намали бројот на илегалните влегувања во својата земја, а Германија планира да воведе визи за балканските земји Албанија, БиХ, Косово, Србија, Македонија и Црна Гора.

Проблемот лежи во фактот дека голем дел од барателите на азил во Германија и уште неколку земји на ЕУ, како Франција, доаѓаат токму од регионите од Западен Балкан. Оваа година околу 220.000 луѓе побараа азил во Германија, а се проценува дека до крајот на 2015 година ќе бидат 450.000, лани биле 202.000, пишува хрватски „Вечерњи лист“.

Дури 40 отсто баратели на азил во Германија доаѓаат од Балканот иако во матичната земја не им се заканува прогонство, тврдат Германците. Во земјите од Западен Балкан на потенцијалните азиланти не се загрозени човековите права ниту им се заканува опасност, туку се работи само за обид за населување од економски причини. Германската влада пред неколку месеци соопшти дека секој барател на азил од западен Балкан автоматски ќе биде депортиран од земјата, а речиси сите барања за азил се одбиени.
Повторно воведување на визи посебно жестоко го бара регионалната влада на Баварија бидејќи оваа германска покраина на Балканот географски е најблизок дел од Германија и најчеста цел на барателите на азил. Токму баварската влада од својот буџет го плаќа најголемиот дел од трошоците како социјална помош или социјални кирии на овие економски бегалци, а нивниот број во однос на 2014 година дупло е зголемен. (Крај)

извор: „Вечерњи лист“ фото: архива

Post navigation

Previous Предупредување за можни терористички напади врз судовите во Турција
Next Апсења во Србија за пренесување на илегални мигранти

Слични вести

Охрид во февруари го посетиле 4.434 странски туристи, најмногу од Грција, Србија, Франција и Кина Охрид во февруари го посетиле 4.434 странски туристи, најмногу од Грција, Србија, Франција и Кина

Охрид во февруари го посетиле 4.434 странски туристи, најмногу од Грција, Србија, Франција и Кина

Во тек се акциските контроли за брзо возење во рамки на ROADPOL Во тек се акциските контроли за брзо возење во рамки на ROADPOL
1 min read

Во тек се акциските контроли за брзо возење во рамки на ROADPOL

Во февруари во Охрид издадени 2 одобренија за градба, во Струга и Дебрца ниту едно Во февруари во Охрид издадени 2 одобренија за градба, во Струга и Дебрца ниту едно

Во февруари во Охрид издадени 2 одобренија за градба, во Струга и Дебрца ниту едно

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.