Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ВМРО-ДПМНЕ во Струга ја поддржа декларацијата на Алијанса на Албанците за оставка на градоначалникот Рамиз Мерко

ВМРО-ДПМНЕ во Струга ја поддржа декларацијата на Алијанса на Албанците за оставка на градоначалникот Рамиз Мерко

1 min read

Струга, 22. август 2023 (ИНПРЕС) – На денешната презакажана 25-та и редовната 26-та седница на Советот на Општина Струга, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа декларацијата поднесена од советничката група на Алијанса на Албанците, со која се предлагаше советниците да гласаат за изземање од одговорност од одуките донесени во рамки на Советот и заеднички побараа оставка од страна на актуелниот градоначалник Рамиз Мерко.

Се побара декларацијата да биде ставена на дневен ред и да има гласање по истата. Мнозинството во Советот, ДУИ и СДСМ, гласаа против, а советниците на опозицијата ја напуштија седницата. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, во Советот на Општина Струга, и досега јасно и недвосмислено се залагале за легалистички пристап во донесување на одлуките и благовремено реагирале на сите незаконски изгласани одлуки.

– Остануваме посветени во заложбите граѓаните на Струга и струшко да ги уживаат сите неопходни ресурси и потреби за достоинствен живот. Веруваме во правдата и во максимата дека никој не е недопирлив пред законот, потенцираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струга.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Пецаков: На Охрид одамна му требаше настан како Ohrid water festival
Next Стартува вториот Меѓународен ракометен турнир „Крсте Андоновски“

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.