Охрид, 2. март 2026 (ИНПРЕС) – Водата во Долно и Горно Лакочереј небезбедна за пиење.
– ЈП „Водовод“ Охрид ги известува жителите од селата Долно и Горно Лакочереј, дека се забранува водата за пиење.
Забраната ќе биде во сила сѐ додека од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид не се добијат резултати од повторената анализа на водата за пиење од овие мерни места, информираат од претпријатието. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
