Охрид, 24. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро изминативе неколку дена е на природната кота од 693,17 м.н.в.
Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е за 24 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,41 м.н.в). Температурата на езерската вода 8,5 степени, што е за два степени над просекот.
InPress редовно ја следи оваа исклучително важна тема, во насока на создавање постојан медиумски притисок кон одговорните. Според нашите анализи од почетокот на февруари нивото на водата во Охридското Езеро бележи константен пад и досега е намалено за 9 сантиметри.
Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 15. степени.
– За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Од недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи со променлив интензитет од дожд, а од средината на неделата на високите планини од снег, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР