Охрид, 27. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму е под просекот за овој период од годината.
Според денешните мерења нивото е на кота од 693,21 м.н.в што е за 14 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,35 м.н.в) и 11 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 8,0 степени и е за 1,2 степени повисока од просечната.
И додека во првата половина на месецов се бележеше минимален раст, во втората половина од јануари е забележливо намалување на нивото на водата.

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.
– Денеска и утре времето ќе биде стабилно, по котлините магливо и постудено, а на повисоките места и на планините релативно топло. Во среда во западните делови, а во четврток на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој од петок ќе го промени правецот во северен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР
