August 21, 2015

Истанбул, 21.август 2015 (ИНПРЕС) – Вооружен напад бил извршен утрово врз полициска станица во истанбулската општина Есенјурт, објави „Хуриет“.

Нема убиени и повредени во нападот, во кој двајца напаѓачи отвориле оган околу 6.40 часот денеска врз четирикатната зграда на полицијата.

Полицијата одговорила на огнот неодложно и ја почнала престрелката, но напаѓачите успеале да избегаат.

Силите за безбедност, потпомогнати од хеликоптер, ја водат операцијата за фаќање на извршителите на нападот. Во операцијата учествуваат извршителите на нападот. Во операцијата учствуваат и специјални единици.(Крај)

извор:МИА фото:архива