October 17, 2015

Тирана, 17. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Албанската полиција соопшти дека во јужниот дел на земјата запленила 3,2 тони дрога од типот марихуана – канабис сатива.

Дрогата е запленета во планината Курвелеш во близина на градот Ѓирокастро и била сокриена во специјално изградени скривалишта во наведената планина.

Полицијата трага по четири албански државијани кои ја огледувале дрогата во длабоките предели на планината. Еден тон дрога бил веќе пакуван, а другиот дел се преработувал. Инаку дрогата била огледувана во четири парцели. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива