June 15, 2023

Охрид, 15. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Во месец април во Охрид биле издадени 12 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Од нив на 8 инвеститор е физичко лице, а на 4 правен субјект. Предвидена е градба на 8 станови, со вкупна корисна површина од 781 м². Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градба.
Збирно во првите четири месеци од годинава во Охрид се се издадени 89 дозволи.

На ниво на Македонија во април 2023 година издадени се 330 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 145 се наменети за објекти од високоградба, 119 за објекти од нискоградба и 66 за објекти за реконструкција. Од вкупно 330 објекти, на 161 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 169 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 393 станови, со вкупна корисна површина од 37.887 м². (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива