May 29, 2015

Сараево, 29. мај 2015 (ИНПРЕС) – Помеѓу 3000 и 5000 потенцијални терористи има во Босна и Херцеговина, покажуваат податоците на разузнавачките агенции.

Пред неколку години, директорот на локалното разузнавање Алмир Џуво потврди дека имало околу 3.000 потенцијални терористи, потсетува експертот за безбедност, Предраг Церантик.

– Веројатно оваа бројка сега е многу поголема, ако се земат предвид оние кои одат и се враќаат од сириските боишта, додаде тој.

Според него борбата против тероризмот е превенција не е работа само на полицијата. (Крај)

извор: Бета фото: архива