Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Поранешниот хрватски претседател Јосиповиќ основа партија

Поранешниот хрватски претседател Јосиповиќ основа партија

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Загреб, 1.јуни 2015 (ИНПРЕС) – Поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ во неделата беше избран за претседател на новоосновата партија „Напред Хрватска – прогресивен сојуз“, за која тврди дека нема да биде краткотрајна и дека на Хрватска ќе и понуди иднина, и на политичката сцена ќе ја воведе идејата за напредокот, пренесуваат хрватските медиуми.

– Нашата должност е да ја победиме кризата, да го вратиме достоинството на граѓаните и да не допуштиме духовите од минатото да ни оптоварат животите и да ни ја загрозат иднината, порачал Јосиповиќ откако бил избран за претседател.

Тој додал дека не треба да се допушти уставниот поредок да се руши на улица, и дека треба да се обезбеди мирот, редот и стабилноста.

– Време е да престанеме да се прашаме кој каде бил во 41-та, 71-та и 91-та година, туку каде ќе бидеме во 2021-та. Нема да дозволиме нашето место во 2021-та година да биде на крајот на колоната на успешните земји и народи, порачал Јосиповиќ.

Новата партија во политичкиот живот на Хрватска влезе како парламентарна, поради тоа што заменик претседател на партијата е независниот пратеник од клубот на СДП, Јосип Крегар. Членови од партијата има и во претставничките тела на локалната самоуправа, изјави Јосиповиќ и додал дека партијата на чие чело е тој, нема да краде мандати.

– Тие луѓе, вклучувајќи го и Крегар, ќе бидат лојални кон листите на кои беа избрани, но сега ќе имаат и шанса дополнително да делуваат, изјавил поранешниот хрватски претседател. (Крај)

извор:Макфакс фото: архива

Post navigation

Previous Во БиХ има околу 5 илјади потенцијални терористи
Next Момче од Македонија загинало во сообраќајка во Србија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.