Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Во Бугарија започна судскиот процес преку кој роднините на загинатите во бродот „Илинден“ бараат 5,2 милиони евра отштета

Во Бугарија започна судскиот процес преку кој роднините на загинатите во бродот „Илинден“ бараат 5,2 милиони евра отштета


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Софија, 28. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Во Софискиот окружен суд вчера почна судски процес по граѓанска тужба во врска со потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро во септември 2009 година, при што загинаа 15 бугарски државјани.

Со тужбата роднини на загинатите бараат над 5,2 милиони евра отштета од осигурителните компании „Алианц Ферзихерунг“ и „Германишер Лојд“. Тие, како што јави БТА, во тужбата наведуваат дека причина за потонувањето на бродот се извршените промени во структурата на „Илинден“, по што осигурителните компании оцениле дека бродот е безбеден.

Во текот на вчерашната судска расправа беа сослушани 14 сведоци, роднини и блиски на загинатите, кои изнесоа детали за трагедијата.

Судот на двете страни во спорот им даде рок од 20 дена да се запознаат со доказите во процесот, како и да бидат прибавени дополнителни информации за техничката експертиза за случајот.

Во врска со потонувањето на бродот, со кој над 50 бугарски туристи патуваа од Охрид до Свети Наум, во Макеоднија веќе се осудени сопственикот и капетан на „Илинден“, Сотир Филевски и техничкиот експерт Бранко Баиќ.

За време на несреќата на бродот имало 53 патници, иако тој имал капацитет за 35 лица. (Крај)

извор: Плус Инфо фото: архива

Post navigation

Previous Денес генерален штрајк во Грција
Next Снежното американско сценарио ќе дојде и на Балканот!?

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.