Сараево, 28.септември 2015 (ИНПРЕС) – Во неколку града во Босна и Херцеговина во тек е голема полициска акција, при што се приведени и неколку политичари.
Се работи зза пратеник во Собранието на Тузла, Мерсед Шерифовиќ и кантонскиот министер за трговија, туризам и сообраќај, Един Ајановиќ.
Федералната полиција извршила претрес и во куќата на поранешниот министер Јерко Иванковиќ Лијановиќ, кој е приведен и во полиција.
Полициската акција се спроведува заради злоупотреба на земјоделски субвенции. (Крај)
извор:Инпрес фото:архива
