Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во недела Охрид домаќин на четвртиот Мастерс квиз

Во недела Охрид домаќин на четвртиот Мастерс квиз

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 7. мај 2024 (ИНПРЕС) – Во недела, 12-ти мај, во просториите на Касарна хаб во Охрид ќе се одржи четвртиот Мастерс квиз за оваа сезона, во организација на Македонската квиз асоцијација.

Автор на прашањата е Мартин Мајк Петрески, а квизот се состои од осум теми: култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет.

– Секоја од осумте теми е застапена со по 25 прашања, односно вкупно 200 прашања поделени во два дела од по 100 прашања. Секој од двата дела се состои од по четири од горенаведените теми, а времето за решавање за секој од деловите е еден час, односно вкупното време за решавање на целиот квиз е два часа. За учество на Мастерсот потребно е да се пријавите преку нашата фејсбук страница или со пополнување на следниот формулар: https://forms.gle/mM7KyM6TnLK9W8KS7
Котизацијата за овој квиз изнесува 150 денари и истата можете да ја уплатите за време на одржување на Мастерсот, информираат организаторите.

Почетокот е во 11:00 часот, а повеќе информациии во врска со квизот, може да се добијат на Фејсбук страната на Македонската квиз асоцијација или на мејлот mka.mkd21@gmail.com. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Атлетичарот Јован Стојоски го собори државниот рекорд на 400 метри со пречки стар 44 години
Next ОИК Охрид: Во главниот избирачки список за претседателските избори се запишани 51.717 избирачи, за парламентарните 51.865, ќе се гласа на 87 избирачки места

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.