Охрид, 12. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Во месец ноември минатата година во Охрид биле издадени 14 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.
Во осум случаи инвеститор е физичко лице, додека во шест правен субјект. Предвидена е градба на 140 станови, со вкупна корисна површина од 8.500 м². Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца нема издадени одобренија за градба.
На ниво на Македонија во ноември 2023 година издадени се 318 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 171 се наменети за објекти од високоградба, 70 за објекти од нискоградба и 77 за објекти за реконструкција. Од вкупно 318 објекти, на 182 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 136 инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 655 станови, со вкупна корисна површина од 55.047 м². (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива