Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во ноември 2024 година во Охрид издадени 5 одобренија за градба, во Струга едно, во Дебрца ниту едно

Во ноември 2024 година во Охрид издадени 5 одобренија за градба, во Струга едно, во Дебрца ниту едно

Во ноември 2024 година во Охрид издадени 5 одобренија за градба, во Струга едно, во Дебрца ниту едно

Охрид, 13. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Во месец ноември 2024 година во Охрид биле издадени 5 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија.

Од нив едно е на физичко лице, додека 4 на деловни субјекти. Предвидена е градба на 49 станови со вкупна корисна површина од 4.248 м². Во анализираниот период во општина Струга е издадено едно, додека во Дебрца не се издадени одобренија за градење.

На ниво на Република Македонија, во ноември минатата година издадени се 260 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 155 се наменети за објекти од високоградба, 59 за објекти од нискоградба и 46 за објекти за реконструкција. Од вкупно 260 објекти, на 146 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 542 станови, со вкупна корисна површина од 49.111 м². (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Македонија во ноември 2024 година ја посетиле 45.656 странски туристи, најмногу од Турција и Србија
Next Се санира дефектот на водоснабдителната мрежа во Пештани

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.