Охрид, 4. септември 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до силен северен ветер.
UV индексот ќе биде 6, а максималната температура ќе се искачи до 29. степени.
– Под влијание на влажен бран денес времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и повремено проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.) што ќе услови значително намалување на дневната температура претежно за претежно од пет до десет степени. Во вторник ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб до умерен дожд со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец. Во деновите потоа ветерот ќе ослабува и ќе се задржи стабилно, но посвежо, информираат од УХМР.
извор: УХМР фото: ИнПрес








