Охрид, 28. април 2026 (ИНПРЕС) – За нивото на култура и грижата за јавните добра сме пишувале повеќепати, овојпат во фокусот ќе ни се сообраќајните знаци и инфо табли низ Охрид.
Честа е сликата да ги видиме прошарани со спреј или прекриени со налепници. Читатели на OhridPress до редакцијата испратија фотографии од овие „дела“.

Наместо да служат за ориентација и безбедност, истите се претворени во платно за реклами или улична „уметност“. Дури и кога ќе бидат заменети, сликата за неколку дена, а во некои случаи и преку ноќ, станува иста.
– Секогаш и кога ќе се постави нешто ново, веднаш се уништува. Зарем толку ни е ниско нивото на култура?
– Ова не е само грдо за гледање, туку и опасно. Ако знакот не може да се распознае, се загрозува безбедноста.
– Градот е наш дом. Ако не умееме да ги зачуваме основните елементи на инфраструктурата, како ќе очекуваме да имаме уреден и безбеден град? , пишуваат граѓаните во дописот.


Според нив проблемот не е само во недостигот на контрола и казни, туку и во свеста.
Сообраќајните знаци и инфо таблите не се платно за уметност или рекламирање. Односот што го имаме кон јавните добра е огледало на културата и свеста на заедницата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
