Охрид, 1. септември 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец.
UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 27. степени.
– Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со свежи утра, со појава на мала до умерена облачност и со благо покачување на дневната температура. Во недела од крајот на денот ќе се зголемува облачноста и во понеделник ќе преовладува претежно облачно време со умерен до повремено пороен дожд, појава на грмежи и засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени, информираат од УХМР.
извор: УХМР фото: ИнПрес