Струга, 14. мај 2026 (ИНПРЕС) – По повод Денот на Европа, во сабота, 16 мај, со почеток во 08:00 часот ќе се одржи велосипедска тура околу Охридското Езеро.
Рутата е Струга-Поградец-Охрид-Струга во должина од 90 километри, а организатори се Europe House Struga, во соработка со Општина Струга и Спортскиот клуб „Соларис“.
– Ве очекува заедничко возење низ три града и нови познанства по пат, освежување и музички пунктови што ја прават турата позабавна, полициска и медицинска поддршка за безбедно искуство, брендирани материјали за учесниците и заеднички финиш и ручек како завршница на денот. Придружете ни се на турата околу Охридското Езеро и бидете дел од заедничко искуство што поврзува, порачуваат организатите. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
