Охрид, 14. мај 2026 (ИНПРЕС) – Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, но и понатаму е под просекот за овој месец.
Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,63 м.н.в, што е за 2 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,65 м.н.в) и 53 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).
Во текот на минатиот месец се бележеше константно намалување на езерскиот водостој, а сега има постепено покачување. Од почетокот на мај езерското ниво е повисоко за шест сантиметри.
Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со услови за врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе се искачи до 19 степени.
– Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
