Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во сабота еко акција на иницијативата „Збогум Букoво“

Во сабота еко акција на иницијативата „Збогум Букoво“

1 min read
Во сабота еко акција на иницијативата „Збогум Букoво“

Охрид, 20. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Под мотото „Валкаме заедно, чистиме заедно“, во сабота, на 23-ти ноември ќе се одржи еко акција во огранизација на иницијативата „Збогум Букoво“.

Предвидено е да се чисти макадамскиот пат што ги поврзува селата Велестово и Рамне.

– Добредојдени се сите, без разлика на возраста или искуството. Оваа акција е одлична прилика да се активираме, да направиме нешто добро за нашата околина, да се забавуваме во природа и да присобереме малку витамин D, велат организаторите.

– Со вас е потребно да понесете: ранец со храна и вода, облека прилагодена на временските услови, обувки за пешачење. На последниот дел од патеката, ќе го чистиме асфалтот од село Рамне до маркет „Видобишта“, каде што ќе ја завршиме нашата акција. Истата има и образовен елемент, особено за најмладите, со цел да се сврти вниманието кон проблемот со отпадот во НП „Галичица“ и да поттикне нови начини на неформално образование и активности на отворено со цел подигање на свеста за моменталниот проблем со начинот на којшто го одлагаме отпадот и потребата од оддржлив систем за управување со него којшто ќе обезбеди здрава и светла иднина за нашите деца и внуци, додаваат од „Збогум Букoво“.

Потенцираат дека акцијата не е само да се исчисти патот, туку и да поттикне размислување и да овозможи атмосфера во која ќе се предложат решенија за заштита на оваа прекрасна патека, идеална за рекреација на деца, семејства и пензионери.

Акцијата започнува во 10:00 часот, а збирно место е кај споменикот „Рис“ (кај скаличките – паднатите борци). (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Радмила Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТО
Next Македонија во третиот шешир за квалификациите за Светското првенство 2026

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.