Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во Србија се одбележуваат 15 години од промените во политичкиот систем

Во Србија се одбележуваат 15 години од промените во политичкиот систем

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Белград, 5.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Србија денеска одбележува 15 години од масовните демонстрации на приврзаниците на тогашната Демократска опозиција на Србија (ДОС), по кои од власт си замина дотогашниот шеф на државата Слободан Милошевиќ.

Масовните собири на граѓаните, организирани од ДОС, следеа откако Изборната комисија ја оспори победата на претседателскиот кандидат на ДОС, Воислав Коштуница на изборите одржани на 24 септември 2000 година.

Лидерите на ДОС, но и други релевантни чинители, инсистираа дека Коштуница уште во првиот круг го победи својот противкандидат Милошевиќ, додека Изборната комисија соопшти дека кандидатот на ДОС освоил 49 отсто од гласовите, поради што беше најавен втор круг на гласање.

ДОС ги отфрли ваквите тврдења на Комисијата, по што ги повика граѓаните на протести, како и на генерален штрајк, кој кулминираше со рударскиот протест во Колубара.

Протестот кој е одржан во центарот на Белград беше најмасовниот од почетокот на 90-тите години. Во српскиот главен град на 5 октомври организирано и масовно пристигнаа граѓани од внатрешноста на земјата, кои тогаш го поддржуваа ДОС. Иако полицијата се обидуваше да ги спречи колоните возила кои тргнаа кон Белград, сепак на крајот сите блокади беа пробиени.

Тој ден е извршен масовен упад на демонстрантите во Парламентот, а беше заземена и полициска станица. Во неколку наврати беше „нападната“ и зградата на РТС, каде е запалено приземјето на медиумот. Портив демонстрантите беше испратен и конвој оклопни возила, во кои се наоѓаа припадници на Единиците за специјални операции при Службата за државна безбедност, но тие не интервенираа.

Следниот ден Милошевиќ конечно и се обрати на јавноста и го призна изборниот пораз. Коштуница на 7 октомври 2000 година положи заклетва пред пратениците како нов претседател на тогашна СР Југославија. Во декември истата година се одржаа и вонредни избори за Парланетот на Србија, на кои ДОС освои речиси две третини од гласовите.

За време на петтооктомвриските настани беа повредени повеќе од 60 граѓани, а двајца ги загубија животите.(Крај)

извор:Република фото:архива

Post navigation

Previous Грција не ја намалува цената за продажба на аеродромите
Next Србија нема да ја затвори границата со Македонија заради бегалската криза

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.