Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во четврток промоција на книгата „Тајни“ на охриѓанецот Јордан Коцевски

Во четврток промоција на книгата „Тајни“ на охриѓанецот Јордан Коцевски

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 23. април 2024 (ИНПРЕС) – Овој четврток во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на охриѓанецот Јордан Коцевски насловена „Тајни“.

Книгата е продолжение на неговиот роман „Тегли“, во издание на „Антолог“. Се случува три години по настаните од „Тегли“ и во центарот на вниманието е приказната на инспекторот Саше Левески, неговото минато и причините поради кои во „Тегли“ ја носи морално сомнителната одлука да ја спаси Розе и да помогне во затскривањето на убиството на главниот негативец.

– Во „Тајни“ тој е соочен со одлуката да продолжи да ги крие „духовите“ од минатото и да донесе неморална одлука, или неговата тајна да излезе на виделина по цена да остане доследен на својот етички кодекс. „Тајни“ нема да е продолжение на „Тегли“ ако во целата приказна не се вмеша Златко за да му ја олесни одлуката. Но, наместо тоа, и двајцата неволно се наоѓаат во ситуација во која не знаат што и зошто се случува, и мора да се борат за да преживеат, стои во краткиот опис за делото.

Промоцијата ќе се одржи во кафе барот Shilla, со почеток во 19:00 часот. Промотор на книгата ќе биде Мерсиха Исмајлоска. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ОИК Охрид: Променети локации на 8 гласачки места за претстојните избори
Next Fashion is about dreaming and making other people dream

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.