August 17, 2023

Охрид, 17.август 2023 (ИНПРЕС) – Во месец јуни во Охрид биле издадени 7 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Од нив на 3 инвеститор е физичко лице, а на 4 правен субјект. Предвидена е градба на 12 станови, со вкупна корисна површина од 1.075 м². Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градба.

На ниво на Македонија во јуни 2023 година издадени се 242 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 115 се наменети за објекти од високоградба, 66 за објекти од нискоградба и 61 за објекти за реконструкција. Од вкупно 242 објекти, на 117 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 125 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 530 станови, со вкупна корисна површина од 44.252 м². (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива