Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Македонската Традиционална Таеквондо Федерација дел од светската елита во Астана, Казахстан

Македонската Традиционална Таеквондо Федерација дел од светската елита во Астана, Казахстан

1 min read

Охрид, 17. август 2023 (ИНПРЕС) – Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (Таеквондо ИТФ) од утре до 26-ти август ќе учествува на Светското таеквондо ИТФ првенство во Астана, Казахстан.

Ќе учествуваат тројца натпреваручи, кои се европски медалисти и најдобри поединци, како и две официјални лица.

Подготовките се одвивале изминатите два месеци. Го дадовме нашиот максимум и се надеваме на солидни резултати, според нивниот историјат на успеси можеме да веруваме во нашите натпреварувачи, иако за нив ова е прв настап на Светско првенство, вели Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ и предводник на нашата репрезентација.

– Во Казахстан патуваат Христијана Парулеска црн појас I дан, Давид Крстески црн појас I дан и Елена Јанеска црн појас I дан, а во својство на официјални лица сме јас и Зоран Парулески, потпретседател на МТТФ. Тројцата претставници на нашата репрезентација се искусни натпреварувачи и Европски медалисти, кои упорно се подготвуваа во текот на летната сезона, зад себе имаат бројни медали, па се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе нé израдуваат со добар пласман. Учеството е под покровителство на Агенцијата за млади и спорт, благодарност до Општина Охрид која помогна за подготовките на нашата репрезентација, како и до генералниот спонзор „ПН Метал”, потенцира Лазаревски.

Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати, кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во јуни во Охрид издадени се 7 одобренија за градба, планирана е изградба на 12 станови
Next Утре започнува јубилејното 35. издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.