Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Врховниот суд во Атина утре решава за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски

Врховниот суд во Атина утре решава за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски

1 min read

Атина, 26. април 2018 (ИНПРЕС) – Рочиштето во Врховниот суд во Атина, по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски се очекува да продолжи утре, откако на 9-ти март, беше прекинато поради правни прашања.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, рочиштето минатиот месец се одржа зад затворени врати, по барање на тимот од двајцата грчки адвокати на Грујевски и Бошковски. Ваквото барање до шесточлениот совет на судии и обвинителот, адвокатите го образложија со тоа дека станува збор за политички прогон и се обвинети за политички криминал (нешто со што тие како одбрана не се согласуваат) објаснија дека во исказот што ќе го дадат има прашања кои што се доверливи, кои што не се за во јавност, со оглед на тоа дека рочиштата се јавни и никој не знае кој сѐ се наоѓа во судницата. Безбедноста на нивните клиенти беше уште еден од аргументите на адвокатите.

Образложија дека исказите што ќе ги дадат се однесуваат на политички случај, со прислушувањата по кои имаше политички пресврт и промена на власта.

Како дополнителен аргумент, еден од адвокатите посочи дека во судницата има и новинари, кои што сакаат да објават што кажале Грујевски и Бошковски во исказот. За конкретниот случај досега, не постоеше никаков интерес во грчките медиуми и единствен новинар во судницата, беше дописничката на МИА од Атина.

Ваквите рочишта по правило се јавни, а само во одредени случаи се прават исклучоци и се одржуваат зад затворени врати.

По завршувањето на рочиштето, со полициско обезбедување, Грујевски и Бошковски беа повторно вратени во атинскиот затвор „Коридалос“.

Утре, ќе биде четврто рочиште во Врховниот суд во Атина. Освен минатото што беше прекинато, првите две се одложија. Едното поради тоа што немаше преведувач, другото поради отсуство на еден од двајцата адвокати. (Крај)

извор: Фокус фото: архива

Post navigation

Previous Шефовите на полициските служби на Југоисточна Европа на Генерално собрание во Охрид
Next Бугарија од август го намалува роамингот за Македонија

Слични вести

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб
1 min read

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“ Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.