Охрид, 18. Мај 2026 (ИНПРЕС) – Екипата на Црвен крст Охрид го освои второто место, во конкуренција на 14 екипи, на Регионалниот натпревар по прва помош што викендов се одржа во Скопје.
– Екипата по прва помош ја сочинуваа: Марио Ѓорески, Ивона Ристеска, Стефани Шапевска, Антонија Шуменкоска, Теона Талевска – ученици од СОСУ „Св.Кирил и Методиј”-Охрид и Филип Танаскоски и Ања Алческа – ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид. На екипата ѝ честитаме за успехот. Голема благодарност до менторите вклучени во подготовката на екипата, волонтерите на Црвен крст Охрид (актери и шминкери на реални повреди) и до домаќинот на Регионалниот натпревар, Општинска организација Кисела Вода, велат од Црвениот крст.

Во периодот што следи ќе се подготвуваат за Државниот натпревар по прва помош, што ќе се одржи во септември годинава. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
