Вашингтон, 2. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска ја почнува тридневната посета на Соединетите држави.
Тој ќе се сретне со потпретседателот Џо Бајден, како и со заменик државниот секретар Ентони Блинкен. Се очекува главни теми на разговорите да бидат ситуацијата во регионот, дијалогот меѓу Белград и Приштина и енергетската стабилност.
Вучиќ ќе разговара и за можностите Србија да учествува во проектот Трансјадрански гасовод што го поддржуваат САД и ЕУ. (Крај)
извор: focus-news фото: архива
