Бујановац, 1. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Момче од Македонија загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне близу селото Самољица, кај Бујановац, објавија српските медиуми.
Иницијалите на жртвата се М.М. За возраста на момчето постојат информации дека има 19 години, a на некои медиуми е објавено дека има 21 година. Најверојатно момчето е од Куманово.
Со тешки телесни повреди се здобил неговиот брат, пишува Блиц.рс.
Во соопштението на полициската управа во Врање е наведено дека до тешката сообраќајна несреќа дошло кога автомобил „опел астра“ со македонски регистарски таблички удрил во приколка на товарно возило за транспорт на машини, кое било паркирано на лентата за застанување. (Крај)
извор: Телеграф.мк/Блиц.рс фото: архива
