Белград, 22.септември 2015 (ИНПРЕС) – Доколку ЕУ до попладнево не одговори на ситуацијата на границата меѓу Хрватска и Србија, тогаш Белград ќе преземе контрамерки поради едностраното затворање на границата за српските камиони, изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ.
– Чекаме ЕУ да реагира до 14 часот, а потоа Србија ќе реагира мирно, без да ги крши правилата, но ќе укаже дека Хрватска не може да се изживува, да ја понижува земјата и да ја уништува српската економија без никакви последици – истакна Вучиќ.
Тој оцени дека потегот на Хрватска е „скандал од огромни размери“.(Крај)
извор:МИА фото:архива







