Скопје/Охрид, 24. април 2026 (ИНПРЕС) – Матурантката Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ освои бронзен медал ROBOMAC Junior 2026, што деновиве се одржува на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје.
Медалот го освои во категоријата автономна мобилна роботика.
На натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2026 учествуваа 54 учесници од четврта година од над 30 средни училишта од Македонија, кои се натпреваруваа во две категории.

-Настанот помина во одлична атмосфера на дружење и натпреварување. Учесниците си заминаа побогати со нови знаења, интереси и пријателства, а ФЕИТ и студентскиот огранок на IEEE се обврзаа да ја продолжат оваа убава традиција, редовно и збогатено во иднина, информираат од факултетот.
Овој натпревар е во рамки на RoboMac 2026 – натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција во Македонија чие финале ќе се одржи утре. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
