Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вучиќ: Некој сака да го дестабилизира западен Балкан

Вучиќ: Некој сака да го дестабилизира западен Балкан

Белград, 27.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Српскиот премиер Александар Вучиќ во вторникот во Москва изјавил дека „очигледно на Балканот постојат сѐ поголеми тензии и обиди за севкупна дестабилизација на односите“, пренесуваат српските медиуми.

На маргините на заедничкото заседавање на работните совети на Србија и Русија, српскиот премиер потенцирал дека „некој вложува многу напори“ во дестабилизацијата на западен Балкан и дека тој знае кои се тие сили, ама не сака да каже.

На прашање за тоа на кои сили мисли, Вучиќ рекол дека „мисли оти тоа е доволно очигледо“ и дека „доволно е да се погледне состојбата во опкружувањето, за да сѐ стане целосно јасно“.

„Зошто би говорел за тоа јавно, такво нешто не ми паѓа на памет, доволно е тоа што јас знам и владата што знае и презема чекори околу тоа“, рекол Вучиќ, потенцирајќи дека „некој се обидува тоа да го прошири во Бањалука, Сараево и Белград“.

Српскиот премиер навел дека Србија „ќе стори сѐ за да ги зачува мирот и стабилноста во регионот“, и дека ова и е приоритетна цел.

„Доколку на некој му се потребни мир и стабилност, тогаш Србија тоа ќе може да го обезбеди“, додал српскиот премиер. (Крај)

извор:Макфакс фото:архива

Post navigation

Previous Шулц: Ситуацијата на Балканот е и повеќе од загрижувачка
Next Во Хрватска досега влегле 251.906 бегалци

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.