March 2, 2016

Белград, 2. март 2016 (ИНПРЕС) – Предвремените парламентарни избори во Србија ќе се одржат на 24-ти април, а истиот ден би требало да се одржат и локалните избори, како и покраинските во Војводина, најави премиерот Александар Вучиќ.

Во следните два дена владата на Србија ќе му испрати на шефот на државата образложен предлог, а претседателот Томислав Николиќ одлучува кога ќе бидат одржани изборите.

Според оцената на Вучиќ, изборите ќе бидат „референдум“ и одлука „дали Србија во 2020 година ќе биде модерна европска земја“, како и дали ќе го избере „патот во иднината или во минатото“. (Крај)

извор: РТС фото: архива