Охрид, 24. април 2023 (ИНПРЕС) – В петок, 28-ми април репризно ќе биде изведена најновата претстава на Народен театар Охрид, гротескна комедија во два чина „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников.
Режисер на претставата е Софија Ристеска Петрушева, а во неа играат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Ивица Цонев и Филип Кипровски.
Билетите се продаваат по цена од 250 денари. Почетокот на претставата е во 20:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива