Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Главниот обвинител на Хашкиот трибунал во посета на Белград

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал во посета на Белград

1 min read

Скопје, 25. мај 2015 (ИНПРЕС) – Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц ќе престојува денеска и утре во посета на Белград, во рамки на подготовките на извештајот, кој тој го поднесува до Советот за безбедност на Обединетите нации.

Како што е најавено од Хашкиот трибунал, Брамерц ќе разговара со премиерот на Србија Александар Вучиќ, со министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, со министерот за правда Никола Селаковиќ, со обвинителот за воени злосторства Владимир Вукчевиќ, како и со претставници на меѓународната заедница.

Согласно резолуциите на СБ 1503 од 2003 година и 1543 од 2004 година обвинителот има должност секои шест месеци да поднесува извештај до Советот за актуелниот прогрес во насока на примена на Стратегијата за ставање крај на работата на Судот во Хаг. Овие извештаи редовно се поднесуваат од мај 2004 година.

Обраќањето на Брамерц пред СБ на ОН е планирано за почетокот на јуни. (Крај)

извор: rts фото: bhrt.ba

Post navigation

Previous САД, Бугарија и Романија ќе одржат голема воена вежба во Црното Море
Next Демонстранти во Истанбул побараа „Аја Софија“ да се претвори во џамија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.