Подгорица, 18. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Синоќа во Подгорица имаше повеќе судири помеѓу полицијата и демонстрантите.
Опозицијата бара техничка влада која ќе организира избори.
Пред црногорското собрание се уапсени повеќе демонстранти, а помеѓу нив се и припадниците на Движењето за неутралност, Марко Милачиќ и Владислав Дајковиќ. Уапсени се и претседателот на Извршниот одбор на Матица Српска, професорот Владимир Божовиќ и Бошко Вукичевиќ од движењето “ Слобода на народот“. (Крај)
извор: А1он фото: А1он
